Сензација: Завршиja на 11 место во првенството, ама во Купот го победиja европскиот вицепрвак

Ракометарите на Морс покрај тоа што беа вистинско изненадување на завршницата од Купот на Данска, денес во големото финале го совладаа фаворитот, шампионот од домашното првенство и европски вицепрвак, Алборг со 32:31 и го освоиja трофеjoт.

За екипата на Морс освоената титула во Купот на Данска е прва во својата клупска историја. Клубот кој е главно составен од домашни играчи до шампионската титула стигна со победата над Нордсјеланд, Холстебро и ГОГ, а во финалето имаше подобра игра од Алборг.

Бранителот на титулата од 2019, ГОГ Гудме неславно ги заврши настапите во Купот. Покрај тоа што беше елиминиран од Морс во полуфиналето, денес го загуби и натпреварот за третото место од екипата на Скјерн со 31:26.

Во последните десет години освојувачи на данскиот куп беа екипите на Копенхаген, Архус, Колдинг, Скјерн, Митјиланд, Холстебро, Алборг и ГОГ Гудме.