Сенегалките слетаа во Скопје, мечот против Македонија ќе почне еден час подоцна

Првиот натпревар на женската кадетска репрезентација на Македонија, ќе се одигра вечерва, но со еден час задоцнување.

Африканскиот претставник Сенегал, кој имаше големи проблеми со транспортот до македонската престолнина околу 19:30 часот слета на скопскиот аеродром, па откако ги минаа сите процедури експедицисијата се упати кон СЦ „Борис Трајковски“.

Нивното раководство побара од ИХФ поместување на средбата за еден час, а нивното барање беше прифатено, па би требало да се игра од 21:30 часот.

Сепак како ќе изгледа да се игра натпревар со ривал кој директно од авион доаѓа на терен, ќе видиме вечерва.