Седлоска со Локомотива Загреб стана шампион на Хрватска!

Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, ја прекина доминацијата на Подравка во хрватскиот женски ракомет и стана шампион по осум години.

Со триумфот над Умаг од 36-19, Локомотива Загреб го освои првото место бидејќи иако Подравка има ист број бодови, тимот од хрватската престолнина има подобар меѓусебен скор.

Седлоска настапи на натпреварот против Умаг и постигна еден погодок од единствениот обид.

Ова е вкупно четврта титула за Локомотива, откако тимот од Загреб беше најдобар во 1992, 2004 и 2014 година.