Сара Ристовска: Македонија има млади ракометарки кои вредат

Македонија ја очекува двомеч со Словенија во рамките од ЕХФ Купот, една од предводничките на овој состав на Савевски секако е Сара Ристовска.

Ристовска на овој период пред Македонија да биде домаќин на Европското првенство, гледа како на период на промени и очекува добри резултати.

„Пред се ми е премногу драго затоа што овие собири стануваат се почести. Интересна е оваа промена на генерации што се случува. Доаѓа една целосна промена од управа и девојки, имаме еден микс. Се чувствувам пресреќна затоа што има млади ракометарки кои вредат и се големи таленти“.

Со новиот селектор се поставува и нов систем на игра, а ракометарките се прилагодуваат една на друга.

„Словенија ќе ни помогне за припремите за Европското првенство кое не очекува во ноември оваа година, па чекор по чекор се стремиме кон тоа. Со новиот селектор поставуваме еден поразличен систем од претходниот, прилагодени сме едни со други, очекувам навистина добри резултати во наредниот период“.

Среќна е што може да им помага на помладите.

„Не сметам дека сум веќе млада помина тоа време, кај помладите гледам дека не постои никаков страв. Јас сум таква, сакам да помагам и го правам тоа секогаш кога имам можност“, изјави Ристовска.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Словенија се игра денес во Целје од 18:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 6 март од 18:30 часот.