Само еден ракометар со двоцифрен просек во Супер машката лига

Сумирањето на постигнатото во Супер машката лига во сезоната која заврши по административен пат донесе интересни бројки. Иако натреварите не беа доиграни, сепак, бројките кои беа направени остануваат во нашата статистика.

Гледано од тој агол може да се погледне кои играчи постигнаа најмногу во делот од сезоната која беше реализирана на теренот.

Оттаму само еден ракометар има просек од двоцифрен број на голови, а се работи за Давор Палевски од тимот на Работнички. Тој имаше во просек над 11 гола по натпревар, а зад него остана Илиев со речиси 2 гола помалку во просек по натпревар.

Како изгледа во Топ 10 можете да погледнете во продолжение.