„Сакавме да победиме, не правевме никакви калкулации“

Откако ракометната јавност во Полска остана бесна по дуелот меѓу Шпанија и Германија, кој заврши со победа на шпанската репрезентација од 23:21, се огласи и селекторот на ,,црвената фурија” Хосе Игнасио.

Според шпанскиот стручњак во дуелот против Германија немало никакви калкулации.

За потсетување, доколку Шпанија ја победеше Германија со три гола разлика, тогаш Полска ќе патуваше во главната фаза и ќе играше против Франција, Холандија и Романија.

,,Во модерниот ракомет разликата од еден, два, три гола може брзо да се промени. Сакавме да победиме и не правевме никакви калкулации. Во случајот со Паула Аркос, таа се израдува на нашата победа, бидејќи до тој натпревар загубивме двапати и сега успеавме да стигнеме до главната фаза”, изјави Хосе Игнасио за данската телевизија ,,ТВ2″.

Во групната фаза, репрезентацијата на Полска ја победи Шпанија со 22:21, Германија славеше над Полска со 25:23 и во последниот дуел од групата Д, Шпанија со два гола разлика (23:21) го совлада бундес тимот.

„Ако ги сретнев Шпанците во хотелот, не знам што ќе се случеше“