Саздовска и Штериова се простија од Дунареа Браила

Двете македонски интернационалки, Јована Саздовска и Марија Штериова, нема повеќе да го носат дресот на Дунареа Браила.

Саздовска три сезони беше дел од овој клуб по доаѓањето од германскиот Турингер, додека Штериова од Глорија Бузау се пресели пред две сезони во Браила.

Оваа сезона со Дунареа Браила тие го освоија третото место и бронзениот медал во Купот на Романија.

Во првенството клубот се пласираше на четвртото место и обезбеди настап во Лигата на Европа.

Романските медиуми го најавија потписот на Саздовска за тимот на Слатина, додека се уште не е позната следната дестинација на Штериова.