Сагосен одмораше, но Норвежаните го наполнија голот на Чиле

Селекцијата на Норвешка е на чекор од пласман на Олимписките игри во Токио откако денеска успеа да го совлада и Чиле во квалификациите кои се играат во Подгорица со 38:23.

Норвежаните денеска беа речиси без помош од голманите, но и без помошта на Сагосен кој имаше шут од 0 од 2. Голманите имаа само пет одбрани, но во една ваква средба и без нив можеше до голема победа.

Составот на Норвешка уште во првиот дел реши сè кога имаше 19:10 така што продолжението беше само прашање како ќе се обезбеди овој триумф односно како ќе се дојде до победата.

Во продолжение на средбата се дојде до уште поголема разлика, па на крајот Норвешка се доближи на чекор до Токио, но ќе треба и утре да се доврши задачата против Кореја што сигурно нема да биде проблем и се очекува победа за финиширање на овие квалификации.

Денеска најефикасен беше Гуликсен со десет гола, додека Блонц имаше шест. Во Чиле Ајала заврши со шест гола, а голманите Бариентос и Гарсија имаа 15 одбрани.