Сагосен близу до камбек дома, ќе игра за норвешки дрим тим

Тоа што беше пред некое време најавено за заминувањето на Сандер Сагосен од Кил, се чини е на добар пат да се оствари.

Во Норвешка, Колстад „готви“ дрим-тим, а според „handball.leaks“, Сагосен би требало да се врати во татковината кога ќе му заврши договорот со бундеслигашот во 2023 година

Овој трансфер би можел наскоро да биде официјализиран, па Сагосен да биде „мамката“ за другите ракометари што се планираат.

Тренер на Колстад, би требало да стане Кристијан Берге, но тоа ќе се случи само ако се повлече од селекторската позиција во норвешката репрезентација.