Савевски за 24Ракомет ТВ: Ако играш фластер на Неагу тоа е самоубиство (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Македонија ја очекува третиот и најважен натпревар на Европското првенство. Противник на Македонија во последното, 3. коло од групната фаза ќе биде романската селекција и доколку избраничките на Љубомир Савевски триумфираат против Романија, тогаш Македонија ќе обезбеди пласман во главната фаза на Европското првенство, односно место меѓу најдобрите 12 репрезентации на континенталниот собир. Селекторот на Македонија, Љубомир Савеввски очекува неговите избраничките да одиграат на висина на задачата во натпреварот, кој може да им донесе пласман во главната фаза. Целата изјава на Савевски може да ја погледнете на видеото во продолжение...