РФМ одреди град-домаќин: Македонија ќе ја пречека Португалија во Скопје

Ракометната федерација на Македонија го одреди терминот и градот домаќин за натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 година меѓу нашата репрезентација и Португалија.

Првиот дел од битката за првото место против Португалците, избраниците на Кире Лазаров ќе ја водат во Скопје.

Терминот за натпреварот меѓу Македонија и Португалија ќе биде 9 март 2023 година во СЦ „Борис Трајковски“.

Реваншот на гостински терен ќе биде на 12 март од 18:30 часот во Матосињос, а потоа во април ќе ни преостанат уште две средби, на гости во Луксембург и на домашен терен со Турција.

Македонија досега одигра две средби, забележа две победи над Луксембург и над Турција, и практично се пласираше на континенталниот собир во 2024 година во Германија.