РФМ му сe заблагодари на Левче Китевски, репрезентациите ќе имаат нов директор

Ракометната федерација на Македонија денеска објави дека спогодбено е прекината соработката со директорот на националните селекции, Левче Китевски.

Тој ја извршуваше функцијата и во машките и во женските репрезентации од јуни 2022 година па до крајот на месец мај.

„Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и досегашниот Директор на машки и женски репрезентации г-дин Левче Китевски на 31.05.2022 взаемно се спогодија за прекин на соработката. Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година“, се вели во соопштението на РФМ.

Со оглед на тоа што сите наши селекции ги очекуваат големи предизвици во следниот период, РФМ во најскоро време ќе треба да го промовира заменикот на Китевски.