Рускиот првак доби големо засилување: Поранешна ракометарка на Металург се сели во Ростов Дон

Поранешната членка на Металург, Катарина Крпеж Слезак, во наредната година ќе биде дел од рускиот шампион Ростов Дон.

Десното крило паузираше една сезона бидејќи стана мајка, а по крахот на унгарскиот ЕРД, реши да побара нов предизвик.

Српската репрезентативка по настапите за Врњачка Бања, Кикинда и Зајечар, беше член на Металург во сезоната 2011/2012.

Потоа замина за Крим, а за унгарскиот ЕРД играше шест сезони. Таа ќе и прави друштво на Јулија Манагарова на десната крилна позиција во Ростов Дон.