Русија означи крај – шампиони станаа Чеховски Медведи и Ростов Дон

Руската ракометна федерација, иако планираше продолжение на двете лиги во јуни, сепак реши да означи крај и да прогласи шампиони.

Во машка конкуренција тоа е лидерот на табелата Чеховски Медведи, кој ја одбрани титулата. Нема да има испаѓање од лигата, а ќе влезе лидерот од Виша лига – Сунгул и Суперлигата ќе брои 13 екипи догодина.

Во женска конкуренција шампион стана Ростов Дон, кој исто така ја одбрани титулата од лани.

Машкиот Куп веќе се одигра, додека женскиот е закажан за 22 и 23 август во Москва. Ако нема услови да се игра тогаш, ќе биде откажан. Суперкуп натреварите се закажани во руската престолнина, машкиот на 29, а женскиот на 30 август.