Русија не игра на големите натпреварувања, ама селекторот ќе добие нов договор

Репрезентацијата на Русија по СП 2023 ќе ги пропушти и следните големи натпреварувања најмалку до 2027 година поради суспензијата од страна на ЕХФ и ИХФ.

И покрај тоа, во руската федерација се задоволни од работата на селекторот Велимир Петковиќ и најавено е продолжување на соработката.

Тој седи на руската клупа од 2020 година, ја однесе репрезентацијата на две големи натпреварувања, a актуелниот договор му истекуваше во 2024 година.

„Петковиќ ќе продолжи да работи со репрезентацијата, уште на една година ќе го продолжиме договорот со него иако тој има понуди од Бундес лигата. Тој го подготвува и младиот тренер Валентин Бузмаков, а најверојатно ќе дојде и тој ден кога Бузмаков би можел да ја предводи Русија“, изјави за „Брз Центар“ претседателот на руската федерација, Сергеј Шишкарев.

Русија ќе го пропушти ЕП 2024, не е вклучена во квалификациите за СП 2025 и ЕП 2026, а тоа значи дека ќе мора да подготвува нова генерација ракометари кога ќе се врати на големата сцена.