Русинот заминува од Брест: Шкуринскиј две години во Нант

Еден од најдобрите руски репрезентативци Александар Шкуринскиј, по четири години ќе си замине од белорускиот шампион Мешков Брест.

Шкуринскиј потпиша договор на две години со францускиот Нант, кој стапува на сила од следното лето.

Левиот бек, кој одлично се снаоѓа и на централната бековска позиција, во Мешков Брест дојде од рускиот Краснодар и стана еден од главните играчи.

Белорускиот првак ќе мора да бара нов лев бек за следната сезона, бидејќи таму ќе останат само со Дмитри Санталов.