Романците со нови ограничувања: Максимум осум странци во тимот, максимум пет во исто време на терен!

Ракометната федерација на Романија донесе нови ограничувања во однос на бројот на странски ракометари. Исто така секој клуб ќе има обврска домашните играчи кои ќе бидат во тимот да го исполнат условот за возрасна граница.

Најмногу осум странци може да има во составот на една екипа во машка конкуренција, додека најмногу пет да бидат во ист момент на теренот. Исто така од домашните ракометари двајца мора да бидат под 23 години.

Овие промени се донесени откако предлогот на претседателот на федерацијата Алексндар Деду, во клубовите да има најмногу по три странски играчи кои немаат пасош од ЕУ не беше прифатен.

Во таквиот случај најмногу засегнат ќе беше тимот на Динамо Букурешт кој има голем број играчи кои се со пасоши надвор од Европската унија.