Романците сакаат да играат во НБА стил!

Романската ракометна федерација стартот на машкото првенството го закажа за 29 август, а претходно треба да се игра и завршниот турнир во женскиот Куп од минатата сезона.

Сите романски клубови ги започнаа подготовките, дел од нив играат и пријателски натпревари, но тешко дека сезоната ќе почне во планираниот термин.

Па така романската федерација веќе прави нови планови за играње, а еден од нив е да се игра во НБА стил – завршницата на цела лига да биде во еден или два града и да се игра турнирски.

Додека би траеле турнирите, екипите ќе бидат сместени во карантин и нема да имаат контакти, а идејата веќе ја разгледуваат и клубовите.

Во тој термин, кога Романците го закажаа стартот на шампионатот, треба да започне и Лигата на Европа со првото квалификациско коло, но и таму има екипа со позитивни случаи на коронавирус, па нејасно е како ќе се одвиваат натпреварите.