Ричардсон и подари Олимпијада на Португалија, Хрватска ќе ја гледа од дома

Репрезентацијата на Португалија се избори за победа од 29:28 против Франција и овој гол предност беше и повеќе од доволен за да се пласира првпат на Олимписките игри, а после четири настапи по ред Хрватска да остане дома.

Во кругот на три селекции со по четири бода Франција е најдобра, Португалија втора, а Хрватска извиси поради најслаба гол разлика во тројката. Оттаму нема да има место на игрите за селекцијата која има две златни медали.

Целата средба мина во интересен тек, а Франција долго беше во предност. Водеше, но никако не можеше да одигра смирено бидејќи Португалците не се предаваа. Откако ја стопија предноста во првиот дел во продолжението им беше полесно. Успеаја да фатат приклучок особено после 12:13 на одмор така што во вториот дел одиграа уште подобро.

Во завршницата се чинеше дека не можат да се вратат бидејќи Жерард бранеше одлично, но потоа стигнаа до нерешени 28:28. На овој резултат Французите побараа тајм-аут, а потоа успеаја да нападнат и да потрошат време. На десет секунди до крај Ричардсон направи почетничка грешка и им ја подари топката, па Португалците без проблем од контра додоа до победа, а со тоа и до пласман на Олимписките игри.

Се израдуваа во чест на Алфредо Кинтана, а ги растажија Хрватите кои очекуваа дека ќе можат на игрите, но не се спои сè како што се планираше. На крајот радоста беше за двете репрезентации кои ги одмерија силите во последниот дуел.

Инаку, најефикасни во победата беа Ареја со шест и Гомез со пет гола, додека Деска имаше шест, а Абало четири гола во редовите на Франција.