Ристовски: Томовски е еден од најдобрите тројца голмани во Лигата на шампиони

Екипата на Вардар во продолжение од сезоната ќе има голманска тројка од Македонија и минутажата во сите натпреварувања ќе биде за Томовски, Ристовски и Гогов.

Ристовски е најискусен во оваа тројка, но Томовски напредува одлично и тој се наметнува постојано со своите одбрани. За него и Ристовски имаше многу пофални зборови.

„Драго ми е што Мартин Томовски се развива како одличен голман, а со доаѓањето на Венио Лосерт уште повеќе напредува. Гогов исто така го добива вниманието кое му е потребно. Македонија има квалитетни голмани и сметам дека квалитетно сме обезбедени на оваа позиција. Мене ми е задоволство да настапувам со Томовски и со Гогов, а Томовски станува еден од најдобрите тројца голмани во Лигата на шампионите“, изјави Ристовски.

Томовски во минатото коло беше број 1 во Лигата на шампионите бидејќи со неговата игра и неговите одбрани Вардар доби многу на дуелот против Монпелје и лесно беше обезбедена победата.