Ристовска ќе биде подготвна за битките на Ф4

Македонската репрезентативка Сара Ристовска ќе биде подготвена за настап на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Таа се повреди на првиот дуел од серијата за титула во Русија, меѓу нејзината ЦСКА Москва и Ростов Дон, и на прв поглед изгледаше сериозно бидејќи беше на раце изнесена од теренот.

Десното крило не беше во составот на ЦСКА за вториот меч за титулата, а немаше повеќе детали за типот на повредата.

Според информациите на 24Ракомет од Русија, Ристовска веќе тренираше минатата недела, отпатува со екипата за Будимпешта и ќе биде подготвена за настап на двата меча во „Ласло Пап Арена“.

Ривал на ЦСКА Москва во полуфиналето на Ф4 ќе биде норвешкиот првак Вајперс Кристијансанд, а мечот се игра утре од 18:00 часот.