Ристовска шутираше без грешка во убедливата победа на ЦСКА Москва

Репрезентативкатга на Македонија, Сара Ристовска имаше одличен настап на дуелот против Агу Адјив на кој тимот на ЦСКА Москва како гост славеше со 30:14.

Ристовска беше една од подобрите и имаше реализација од 100 проценти. Таа постигна три гола од три удари со што покажа дека се наоѓа во добра форма и сигурно ќе биде една од клучните ракометарки во битката на ЦСКА Москва за висок пласман во првенството.

На теренот мина околу 24 минути и ова беше добар придонес во победата во натпревар каде што немаше потреба за да се форсира со ракометарките од првата постава.