Ристовска солидна, ЦСКА Москва во поход на втората позиција

Македонската репрезетнтативка и ракометарка на ЦСКА Москва, Сара Ристовска освио нови бодови со својата екипа во рамки на првенството на Русија. ЦСКА триумфираше на гостувањето кај Динамо Синара со 30:22.

Ристовска и колешките продолжуваата со победничката серија, денешната победа беше петта во низа. Тие уште по првиот дел ја најавија победата кога имаа предност од 14:9. На натрпеварот Сара Ристовска доби триесетина минути на теренот за кои успеа да постигне два гола од четири обиди.

ЦСКА Москва со оваа победа останува сигурна на третата позиција со 17 победи и пет порази. Новоформираната екипа во руското пренство е блиску во првата сезона да избори пласман во европските натпреварувања и е на само три бода од местото кое води во Лигата на шампионите кое засега го зазема екипата на Тољати.