Ристовска растура во ЛШ – перфектна партија против екс клубот

Во рамките од 7. коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција, ЦСКА Москва на свој терен пропушти голема шанса да се израдува на четвртата победа, одигра само реми против Крим, 21:21.

Избраничките на Флорентин Пера во поголемиот дел од натпреварот беа во негатива. Ракометарките на Крим озбезбедија водство од 12:11 на полувреме и ја одржуваа својата предност се до 50. минута. Во последните десет минути, ЦСКА Москва беше екипата која ја контролираше играта на теренот. При водство од 21:20 на домашната екипа, ракометарката на Крим, Катарина Крпеж Шлезак во 57. минута го постигна голот за нерешен резултат, 21:21.

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска беше непогрешлива на теренот, успеа да постигне пет гола од исто толку обиди. Поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ беше меѓу најефикасните во редовите на Крим со пет гола, а екс-ракометарката на Металург, Катарина Крпеж Шлезак постигна три гола во противничката мрежа.

Екипата на Есбјерг со пресврт во второто полувреме успеа да запише голема победа против незгодната Борусија Дортмунд, 32:29. Германскиот претставник во Лигата на шампионите целосно ја изгуби контролата во вториот дел и мораше да го прифати денешниот пораз.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 7.  КОЛО

ГРУПА А

БРЕСТ БРЕТАЊ – БУДУЌНОСТ 25:21 (12:12)

ФТЦ БУДИМПЕШТА – ЧСМ БУКУРЕШТ 31:30 (20:16)

ПОДРАВКА – РОСТОВ ДОН 22:23 (13:13)

ЦСКА МОСКВА – КРИМ 21:21 (11:12)

ГРУПА Б

ЃЕР – КАСТАМОНУ 37:20 (19:9)

БОРУСИЈА ДОРТМУНД- ЕСБЈЕРГ 29:32 (14:10)

OДЕНСЕ – КРИСТИЈАНСАНД 27:32 (15:17)

САВЕХОФ – МЕЦ 28:31 (12:15)