Ристовска одново на ниво, не се најде ‘јунак’ за ЦСКА Москва

Тимот на ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, ја забележа втората победа во плеј-офот во рускиот шампионат.

ЦСКА Москва славеше на гостувањето во Краснодар кај Кубан со 37-27, откако на полувреме водеше со 22-13.

Ристовска одново беше на ниво, втор стрелец во тимот и успеа да постигне шест гола за помалку од 28 минути на теренот.

ЦСКА Москва сега има 52 бода на првата позиција пред најблискиот конкурент Ростов Дон кој има 42 на второто место.