Ристовска одлична, обезбеди полуфинале во Купот на Русија со ЦСКА Москва

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска дојде до пет погодоци во дерби дуелот од четврт-финалето во Купот на Русија. Екипата на ЦСКА Москва како гост славеше ротив Звезда Звенигород со 37:24 со што успеа да дојде до пласман меѓу најдобрите четири екипи.

На оваа средба Ристовска беше една од подобрите бидејќи беше и трет стрелец. Повеќе голови од неа имаа Скоробогатченко (7) и Маркова (6). Со добрата игра Ристовска само продолжува да покажува дека оди напред во формата. Инаку, петте гола ги постигна за 25 минути игра.

Со овој триумф, ЦСКА Москва се најде во полуфиналето каде што место веќе обезбедија и Краснодар и Астраханочка, а денеска својот натпревар ќе го одиграат тимовите на Тољати и Ростов.