Ристовска најдобра на теренот, ЦСКА Москва славеше над Астраханочка

Тимот на ЦСКА Москва, каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, по паузата за Мундијалот во Јапонија, им се врати на обврските во рускиот шампионат.

ЦСКА на домашен терен славеше минимална победа над незгодниот состав на Астраханочка со 23-22, а најдобра на теренот беше Ристовска.

Таа постигна шест голови од седум обиди, од кои пет беа во второто полувреме кога се кршеше резултатот.

Ристовска доби и награда за МВП по завршувањето на мечот. Следен предизвик за ЦСКА ќе биде градското дерби во Москва против Луч.