Ристовска и ЦСКА убедливи, драмата меѓу Мец и ФТЦ за францускиот првак

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска, заедно со нејзините колешки беа убедливи на гостински терен во Романија и славеа против Валчеа со резултат 24:34 во натпревар од Лигата на шампионките. Ракометарките на ЦСКА Москва одиграа одличен натпревар и ги затворија бековските позиции на Романките.

Домашните ракометарки вкупно постигнаа 11 голови од бековските позиции, па така најрасположена за игра беше нивниот кружен напаѓач, Асма Елгауи која беше и најефикасна со седум погодоци. Во дресот на екипата од Москва, Сара Ристовска запиша еден гол од два обиди, додека нејзината колешка, Марина Судакова ја предводеше листата на стрелци со седум голови.

Интересен натпревар одиграа Мец и ФТЦ, а крајниот исход беше победа на Мец со резултат 30:29 со гол во последните секунди постигнат од Тјаша Станко. Ова беше важна победа на Мец во рамките од А групата. Во победничкиот тим се истакнаа три ракометарки со по пет погодоци, Канор Орлане, Мари Хелена Сајка и Астрид Н’Гуан. Во составот на ФТЦ најефикасна беше репрезентативката на Холандија, Ангела Малештајн со шест голови.

Словенечкиот шампион, Крим доживеа дебакл на гостински терен во Данска. Есбјерг славеше убедлива победа со резултат 33:23. Победникот веќе беше познат при резултат 8:2 во првите минути од натпреварот. Најдобар стрелец во Есбјерг беше Мете Транборг со десет погодоци, а во Крим се истакна Осеан Серсиен која постигна шест погодоци.

Борусија Дортмунд ја запиша втората победа во Лигата на шампионите откако на свој терен беше подобра од Подравка со резултат 32:31. Со голем број на технички грешки на двете страни, Германките беа поснаодливи во завршните минути и успеаја да триумфираат и да запишат важни бодови во својата група. Во екипата на Борусија Дортмунд најефикасни со по осум погодоци беа Лаура Ван дер Хејден и Ингер Смитс. Во Подравка најрасположена беше Ламприни Цакалу со седум постигнати погодоци.