Ристовска и ЦСКА обезбедија Ф4 во Купот на Русија

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска заедно со ЦСКА Москва обезбедија пласман меѓу најдобрите четири екипи во рамки од Купот на Русија.

ЦСКА Москва во четвртфиналниот дуел против незгодниот тим на Кубан од Краснодар славеше со 30:26 (14:12).

Македонката во дуелот со Кубан имаше 100% реализација, постигна три гола од исто толку обиди.

Освен ЦСКА Москва, пласман на завршницата од Купот на Русија обезбедија и екипите на Звенигород, Тољати и Ростов Дон.

Екипата на ЦСКА Москва во минатата сезона иако ја загуби титулата во домашниот шампионат, сепак, го освои Куп трофејот и доколку се пласира во финалето оваа година, тогаш ќе може да се надева на одбрана на трофејот.