Ристовска и ЦСКА Москва немаа милост за Борусија Дортмунд

На денешните средби од Лигата на шампионите во женска конкуренција имаше неколку изненадувања.

Данскиот Есбјерг го изненади фаворизираниот ФТЦ во Будимпешта и славеше со резултат 28:24 (13:12). Со добрата одбрана во второто полувреме, ракометарките на Есбјерг се покажаа како поквалитетен противник.

Унгарскиот тим пропушти голема шанса и бодови кои ќе беа доволни за моментално второ место во А групата. Есбјерг беше предводен од Сана Солберг со осум голови. Во поразениот табор, Болк Емили беше стрелец на девет голови.

Второто изненадување беше во Букурешт. Ракометарките на Вајперс Кристијансад беа убедливи против ЧСМ Букурешт и славеа со 29:22 (14:9). По пет голови во норвешкиот тим постигнаа Нора Морк и Јана Кнедликова кои беа најефикасни. Во ЧСМ Букурешт стандардно Кристина Неагу беше најдобар стрелец со десет голови.

Нашата репрезентативка, Сара Ристовска, постигна два погодоци во победата на нејзината екипа ЦСКА Москва против Борусија Дортмунд. Натпреварот заврши со резултат 35:28 (19:12). Нерешлива енигма на теренот за гостинките беше домашната ракометарка, Екатерина Илина со 13 погодоци.

Вториот руски претставник во ЛШ, Ростов Дон немаше големи проблеми против Битигхајм и забележа победа со 27:21 (15:9). Ростов Дон беше предводен од Полина Кузнецова и Јарослава Фролова со пет погодоци. Во Борусија Дортмунд, Јоргенсен Трине и Бергер Емили беа стрелци на четири погодоци.