Ристовска и ЦСКА Москва како на тренинг до нови бодови

Екипата на ЦСКА Москва продолжува со одличните игри во шампионатот на Русија, а нова жртва беше составот на Агу Адјиф, против кој беше забележана победа од 40:19.

Сара Ристовска на овој натпревар одигра 20 минути, но немаше потреба за повеќе форсирање бидејќи победникот беше рано одличен.

За периодот минат на теренот, Ристовска успеа да реализира двапати од два удари, па помогна во новата победа со што ЦСКА Москва останува на 3. место со два бода помалку од Тољати, тим кој има и натпревар помалку од другите.

Следен противник за Ристовска и колешките е составот на Кубан Краснодар, а овој натпревар се игра в сабота.