Ристовска без грешка, ЦСКА Москва го реши патникот во полуфиналето на плеј-офот

Тимот на ЦСКА Москва, каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, ја заврши работата уште по првиот четвртфинален меч од плеј-офот во рускиот шампионат.

ЦСКА Москва славеше на гостувањето кај Универзитет Ижевск со убедливи 40-20, а десното крило од Македонија погоди четири пати од четири обиди и тоа само за петнаесетина минути игра.

Сега останува на домашен терен ЦСКА Москва да го потврди местото во полуфиналето на плеј-офот на натпреварот што се игра на 5 мај.

Противник во полуфиналето на плеј-офот ќе биде подобриот од двомечот меѓу Звезда Звенигород и Астраханочка, но против кој и да играат, Ристовска и ЦСКА Москва ќе бидат фаворити.