Рехабилитацијата на данската ѕвезда оди според планот, на теренот се враќа идната сезона

Репрезентативецот на Данска, Расмус Лауге, на почетокот на декември се здоби со повреда на лигаментите и поради тоа мораше да биде надвор од ракометните терени.

Поради тоа, Лауге не можеше да настапи на Светското првенство во Египет со неговата селекција. Неговото отсуство не беше голем проблем за неговите репрезентативни колеги бидејќи го освоија златниот медал на континенталното натпреварување. Тоj го пропушти и завршниот турнир од Лигата на шампионите.

Ракометарот на Веспрем поминува низ период на рехабилитација и се надева на скоро враќање на ракометните терени. За домашните медиуми изјави дека неговото враќање во ракометот би можело да се очекува следната сезона.

„Оди се како што треба и како посакувам. На добар пат сум да се вратам назад и коленото сега е во ред. Јас можам да тренирам и тоа во моментов ми е потребно. Реално, ако се оди како што треба би можел да се вратам на ракометот следната сезона”, изјави Расмус Лагуе.

Расмус Лауге има договор со Веспрем до крајот на летото 2022 година.