Реприза на последниот ден: Македонија против Украина за петто место

На последниот ден од ЕХФ шампионатот за младинци во источниот сосед, Македонија ќе одигра натпреварот за петто место.

Ривал ќе биде селекцијата на Украина, која во првиот дуел од разигрувањето за пласман од петто до осмо место славеше против Велика Британија со 26-20.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина за петтото место ќе се игра утре од 12:00 часот, додека Велика Британија и Луксембург ќе играат за седмо место.

Со оглед на тоа што Швајцарија и Романија се фаворити за место во финалето, јасно е дека групата во која беше преместена Македонија, беше многу посилна во споредба со првичната во која требаше да играат нашите младинци.