Раул: Лазаров ќе биде одличен тренер – може да направи нешто добро за Македонија!

Во пресрет на вечерашното дерби од францускиот шампионат меѓу Нант и ПСЖ, тренерот на „светците“ од Париз и некогашен македонски селектор, Раул Гонзалес, зборуваше за Кире Лазаров.

Тој работеше со македонскиот капитен и во Сиудад Реал и во нашата репрезентација, па знае од каде доаѓа најголемата опасност по голот на ПСЖ.

„Зборуваме за лидер на теренот, како на натпревар така и надвор од теренот. За да успеете во Атлетико, Барселона и денес Нант, кој е еден од најдобрите тимови во светот, потребна ви е квалитетна, напорна работа, но и карактер. Тој сепак може да игра неколку сезони, три или четири, сигурен сум. Не знам дали ќе го стори тоа, но би било убаво. Киро е различен играч од сите други. Тој има одговор на сите ситуации. Не е најсилниот играч во светот, но можеби да ви направи многу проблеми. Тој ќе биде многу добар тренер. Сигурен сум дека тој ќе направи нешто добро за Македонија“, изјави Раул за француските медиуми.

Натпреварот меѓу Нант и ПСЖ се игра вечерва во „ХХЛ Арена“ со почеток во 20:45 часот, а дветеекипи во текот викендот ги чекаат и предизвици во ЕХФ Купот и во Лигата на шампионите.