Ракометниот сојуз на Србија ќе им помогне на 262 клуба да опстанат во кризниот период

Раководсвото на Ракометниот сојуз на Србија одлучи да им помогне на клубовите за да се справат со кризата предизвикана од коронавирусот и да продолжат да постојат.

Насекаде во светот се чувстуваат огромни загуби од кризата и прашање е колку ќе можат клубовите да издржат без помош од своите општини и државата.

Голем дел од екипите во Србија останаа без своите спонзори и им следува тежок период во наредната сезона каде што главна цел ќе биде обезбедување средства за нормално функционирање.

За да помогне во тоа ракометниот сојуз на Србија одлучи да им додели парична помош на своите 262 клуба. Исто така клубовите ќе добијат и помош во вид на спортска опрема и топки. Освен тоа клубовите ќе бидат ослободени и од дел од котизацијата за претстојната сезона.

Со овој чекор раководството на ракометниот сојуз на Србија се надева дека ќе го ублажи ударот на коронавирусот и најголемиот дел од клубовите успешно ќе го надминат овој период и ќе продлжат да постојат и понатаму.