Ракометна еурофорија во Холандија, за десет часа продадени 10.000 билети

Популарноста на ракометот во Холандија е на многу високо ниво, особено во женска конкуренција откако репрезентацијата триумфираше на Светското првенство во Јапонија.

Холандија играше три пати во финалињата на Мундијалите, во 2015 и 2017 загубија но на последното првенство конечно го остварија сонот стигнат до титулата по победата над Шпанија во финалето.

Холандија во март го игра натпреварот од квалификациите за Европското првенство во 2020 на кој ќе биде домаќин во Ротердам. Медиумите во Холандија соопштија дека на дуелот со Шпанија ќе биде соборен рекордот за најголема посетеност за еден меч во Холандија.

Репризата од финалето во Кумамото ќе ја следат 10.000 гледачи, а сите билети за овој меч биле распродадени за десет часа од пуштање во продажба. Се очекува вистински спектакл и сигурно неверојатна атмосфера.