Ракометарки скршија кошаркарска табла на загревање (ФОТО)

На загревањето на ракометниот натпревар меѓу Шведска и Унгарија имаше непријатен настан, кој сепак не донесе последици, пишува порталот „Handbollskanalen“.

Една од унгарските репрезентативки на теренот во Тролхатан на загревањето удрила со топката во кошаркарската табла која била над еден од головите, во полу крената позиција.

Ударот бил толку силен што таблата се удрила во кровната конструкција, и се распаднала во многу делови на теренот, но сепак никој не настрадал.

Почетокот на натпреварот беше поместен за еден час и половина, за да може целиот терен да биде исчистен. На крајот Унгарија славеше минимална победа со 28-27.