Ракометарки „вапцаа“ јајца во сала (ФОТО)

Четири натпревари ги делат ракометарките на Рапид Букурешт од освојуваето на титулата во домашното првенство, а девојките пронајдоа начин како да се опуштат во празничниот дух.

Лаура Попа, Елена Воицу, Дорина Корсос и Клаудија Константинеску поминаа еден час вапцајќи јајца во сала. Ваквото опуштање е и тоа како добредојдено за ракометарките пред важните натпревари.

„Беше пријатно искуство, се потсетив на моите моменти од детството кога заедно со семејството вапцавме јајца. Исто така открив дека имам навистина талентирани колешки. Не бев запознаена со нивната уметичка страна“, изјави Воицу.

На четири натпревари до крајот на првенство Рапид Букурешт е на првата позиција со 57 бодови, еден повеќе од ЧСМ Букурешт и 11 од Рамницу Валчеа која има натпревар помалку.