Раичевиќ заврши во болница – Црногорките стискаат палци за полуфиналето (ФОТО/ВИДЕО)

Средниот бек на црногорската репрезентација, Милена Раичевиќ, предвреме го заврши натпреварот против Романија, на кој нејзините колешки прославија минимална, но вредна победа од 35-34.

Мечот не го заврши Милена Раичевиќ која имаше судир со романската репрезентативка Лорена Остасе по што и двете завршија на теренот, а мораше да интервенира и дежурната лекарска екипа во салата..

Црногорката со носила беше изнесена од теренот и салата и пренесена во болница поради повредата на вратот и веднаш биле направени снимки. Нејзините колешки стискаат палци дека не се работи за ништо сериозно и дека Раичевиќ ќе може да им помогне на финалниот викенд во главниот град на Словенија.

Црна Гора обезбеди место во полуфиналето, а дополнително ќе биде познато кој против кого ќе игра во „Стожице Арена“ в петок.