Радовиш со ново засилување – пристигна Бобан Каковски

Екипата на Радовиш, која во регуларниот дел од сезоната заврши на последното место, пред самиот старт на натпреварите од плеј-аут фазата реши да ангажира ново засилување.

По Иванче Ончев и Кирил Буровски, нов ракометар во составот на Радовиш е поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Бобан Каковски, кој во составот на Љупче Мијалов ќе пристигне од Металург.

Младиот ракометар реши да го напушти тимот од Автокоманда поради финансиската криза, иако имаше потпишано четиригодишен договор.

Каковски во дресот на Металург настапи на вкупно 10 натпревари во регуларниот дел од оваа сезона и успеа да постигне 16 погодоци. Во својата кариера настапуваше и за екипите на Голден Арт и Еурофарм Работник.

Радовиш со новите засилувања ќе има голема шанса да избори опстанок и да го задржи суперлигашкиот статус за следната сезона.