Радичевиќ: Никому не му е потешко отколку на нас

Ракометарката која остави длабока трага со своите игри во дресот на Вардар, Јованка Радичевиќ е прв стрелец на Олимписките игри со 46 гола после четврт-финалето, но таа нема да биде дел од полуфиналето со своите колешки.

Црна Гора беше поразена од селекцијата на Русија со 26:32 и се враќа порано дома, а после оваа средба, Радичевиќ имаше емотивен коментар.

„Премногу сме емотивни. Линијата меѓу среќата и тагата е исклучително тенка особено во спортот. Можеби на почетокот на овој турнир не игравме убав ракомет,но се боревме до крај и кога не ни одеше. Никој повеќе од нас не сакаше да победи. Сигурно во моментов на никого и не му потешко отколку на нас“, вели капитенката на репрезентацијата на Црна Гора.

Според остварените резултати репрезентацијата на Црна Гора веројатно ќе финишира на овие игри на 6. позиција.