Радичевиќ за 24Ракомет ТВ: Ги живеам најубавите моменти во мојата кариера (ВИДЕО)

Црна Гора со минимална победа над Романија од 34-35 обезбеди шест бодови во групата 2, а ако нема изненадување до крајот на денешниот натпреварувачки ден Црна Гора ќе обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство. Искусната Јованка Радичевиќ со гол од пенал на речиси дваесетина секунди пред финишот и ја донесе победата на својата репрезентација. Што кажа екс ракометарката на Вардар по жестоката борба со Романија може да погледнете на видеото во продолжение...