Работнички фати победнички ритам – го совлада и Шампион

Ланскиот суперлигаш, Работнички во рамките од 4. коло од Првата машка лига беше подобар од Шампион со пет гола разлика, 25:20. Работнички во претходното коло немаше проблеми против Преспа, па денешните освоени бодови ќе бидат поголема мотивација за следните натпревари.

Ракометарите на Работнички речиси во најголемиот дел од натпреварот беа во водство. Гостинскиот тим на Шампион го имаше почетното водство од 1:0, а во преостанатиот дел домашната екипа доминираше на теренот.

Резултатот на полувреме беше 11:9 за екипата на Работнички. Во вториот дел водството на Работнички се зголеми на пет разлика. До крајот немаше промена на теренот, па така домаќините ги освоија новите бодови.

Најефикасен во победничката екипа беше Кристијан Анѓелковски со пет гола, по четири постигнаа Ѓорѓи Дука, Виктор Дамчевски и Давид Димевски, кој заработи и црвен картон поради три исклучувања. Во екипата на Шампион, Мартин Мајстороски беше прв стрелец со шест гола.