Работнички со сирената до погодок за реми против Чиле

Екипата на Работнички го тестираше составот на Чиле, а во последната секунда од средбата со гол од седум метри беше обезбедено реми од 29:29.

Во текот на целата средба имаше резултатска неизвесност, а Работнички беше тимот кој водеше во поголем дел од натпреварот. Имаше постојана предност и тоа од 2-3 гола особено во првите 30 минути, но пред заминувањето на одмор сотавот на Чиле успеа да намали и на одмор да се замине со резултат од 16:15.

Во вториот дел од средбата репрезентацијата на Чиле успеа да издржи односно да стигне до пресврт. Сепак, беше забележително дека ракометарите на Работнички имаат противигра и знаат како да стигнат до голот на противникот.

Неизвесноста беше задржана до последните моменти од средбата кога Чиле влезе со гол предност. Сепак, не беше искористена шанс за уште еден гол плус на позитивата, па во последните секунди од средбата Работнички обезбеди удар од седум метри кој беше реализиран за нерешени 29:29.

Ова беше претпоследна контрола за Чиле, а веќе утре одново ќе има дуел против репрезентацијата на Македонија.