Пуштени во продажба и дневни билети за ЕП: Гледајте ја Македонија за 20 евра!

Европското првенство за жени 2022 година ќе се игра во Македонија, Црна Гора и Слвенија, а за овој настан достапни се дневни билети кои веќе се пуштени во продажба и можат да се купат на сајтот на Европското првенство.

За секој ден од прелиминарната рунда навивачите ќе можат да купат дневен билет кој ќе ги чини од 30 евра за прва категрија, билет од втората категорија ќе чини 25 евра, додека од трета категорија се продаваат за 20 евра. ВИП билетите чинат 120 евра.

За главната фаза дневните билети чинат од 20 до 50 евра, додека за завршниот викенд билетите за трите категории се во интервал од 30 до 75 евра. ВИП билетите се по цена од 230 евра за завршните натпревари.

Европското првенство за почнва на 4. ноември и ќе се игра до 20. ноември. Во Скопје натпреварите ќе се играат во салата Борис Трајковски, а Македонија има исклучително тешка група каде протвиници ќе и бидат Романија , Франција и Холандија.

Пред две недели започна продажбата и за групните билети за натпреварите од ЕП.

Во продажба билети за ЕП: Гледајте ги трите натпревари на Македонија за 40 евра!