„Пукна бомбата“ во Нашице – Мануел Штрлек три години во Нексе!

Хрватскиот репрезентативец Мануел Штрлек денеска беше промовиран како нов ракометар на хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.  Штрлек потпиша договор на три сезони, а тимот од Нашице новото засилување го најави како најголемо досега во историјата.

Нексе на позицијата лево крило моментално ги има на располагање Александар Бакиќ, Карло Годец и Марин Јелениќ.

Постои опција Јелениќ да го напушти клубот, така што ќе се отвори шанса за Штрлек да биде прва опција во составот на Бранко Тамше, со оглед на тоа дека Бакиќ и Годец допрва треба да созреваат.

Штрлек на почетокот на својата кариера настапуваше во својата татковина, играше во Загреб, потоа во текот на 2012 година го имаше првиот интернационален предизвик, потпиша за Келце и дресот на полскиот клуб го носеше до сезона 2017/18.

Откако го напушти Келце замина за Унгарија, поточно во Веспрем каде што е меѓу најдобрите стрелци во унгарскиот вицепрвак.