ПСЖ и Раул со рекорд во Франција, повлечен дресот на Хансен! (ФОТО+ВИДЕО)

Тимот на ПСЖ предводен од екогашниот стратег на Вардар, Раул Гонзалес, годинава полесно од очекувањата стигна до титулата во Франција.

Со 30 победи на 30 натпревари, од кои последната против Кретеј со 38-33, францускиот тим стана рекордер.

Тоа е првиот тим што го завршува првенството во Франција без ниту еден загубен поен во текот на целата сезона.

Публиката во Париз се збогуваше со Микел Хансен, Недим Ремили, Беноа Конку, Јан Жанти, Венсан Жерар…

Дресот на Данецот со број 24, кој мина десет сезони во ПСЖ, но не освои ниту една титула во ЛШ е повлечен од употреба. Тоа е третиот дрес по оние на легендарните Патрис Аноне и Лук Абало што ПСЖ го повлекува од употреба.

Хансен од лето се враќа дома и ќе го носи дресот на Алборг.