ПСЖ губеше со девет гола, но со херојски пресврт го надигра Веспрем

Екипата на ПСЖ обезбеди директен пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако со херојски пресврт го совлада тимот на Веспрем, со резултат 37:35.

Францускиот тим одигра лошо прво полувреме, губеше и со девет гола разлика, но во вториот дел целосно ја промени играта од првото полувреме и успеа да ја анулира високата негатива и да дојде до важна победа.

Иако Веспрем имаше убедливо водство во текот на првиот дел, во еден момент дојде и до највисока предност од ,,плус девет” 16:7 и во најголемиот дел од првите 30 минути водеше со разлика од пет до седум гола, сепак, домаќините целосно се вратија во игра во второто полувреме. Унгарскиот вицепрвак на пауза заминасо предност од 24:19.

Продолжението најави интересен финиш, бидејќи откако Веспрем водеше со 26:23, избраниците на Гонзалез со серија од 3:0 направија камбек и израмнија на 26:26. Од 40 минута се влезе во неизвесна борба, а комплетниот пресврт се сличи пет минути подоцна, односно во 45 минута кога ,,светците” го презедоа водството, поведоа со 29:28, потоа имаа и два гола разлика, 30:28.

Веспрем никако не можеше да излезе од кризата и дозволи тимот на ПСЖ да ја зголеми предноста. Домашниот тим се разигра во завршниот дел и многу лесно се справуваше со одбраната на гостинот. ПСЖ зголеми на 32:29, во 50 минути дојде до четири гола разлика, 34:30, но кога требаше рутински да го реши мечот, дозволи Веспрем да направи камбек.

По водството на ПСЖ од 34:30, тимот на Илиќ се врати во игра и израмни на 34:34. Во финишот домаќинит беше повеќе пофокусиран и успеа да го надира гостинот кој ќе мора преку осминафинале да се бори за пласман меѓу најдобрите осум.

Најефикасен во победничката екипа беше Елохм Пранди со седум погодоци. Во поразената екипа кружниот напаѓач Драган Пешмалбек со осум гола.