ПСЖ во потрага по нов голман, изборот паѓа на играч кој го сакаше и Вардар

Екипата на ПСЖ почна со потрагата на нов голман за следната сезона откако стана јасно дека Жерард си заминува, а изборот падна на голманот кој беше една од опциите на Вардар пред некоја сезона, Никола Портнер.

Репрезентативецот на Швајцарија во моментов го носи дресот на екипата на Шамбери, а со овој тим е под договор до летото во 2022 година. Со оглед на тоа што и Жерард тогаш најави дека си заминува доаѓа сосема добро за трансфер во кој не би требало да се плаќа обесштетување.

Според ова се чини дека ПСЖ веќе има добра позиција, па голманот од Швајцарија ќе може да дојде во уште посилен клуб и да игра во Лигата на шампионите. Останува наскоро да се види дали ќе има и детали околу некаков договор, но сосема јасно е дека постои можност за договор.

Веќе е познато дека ПСЖ полека ќе го обновува тимот бидејќи заминуваат и Хансен и Ремили така што за една година шампионот на Франција ќе добие сосема нов лик.